Секекторот Игор Ангеловски потврди дека заминува од селекторската позиција во македонската фудбалска репрезентација. Ова е мојата последна прес-конференција, рече тој на прес-конференцијата по завршувањето на мечот со Холандија.
Можам да кажам дека беше огромно задоволство да се води Македонија на едно Европско првенство. Воопшто не треба да бидеме разочарани. Ова беше наш дебитантски настап. Би сакал да им се заблагодарам на фудбалерите предводени од капитенот Горан Пандев за сè што направија на ЕВРО 2020. Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство, изјави Ангеловски.
Како што истакна Ангеловски на пресот, причина за заминувањето е тоа што неговиот договор со ФФМ завршува на 31 јули.
Ангеловски на позицијата селектор дојде во октомври 2015 година. Од тогаш, заклучно со дуелот против Холандија, популарниот Мрме ја предводеше нашата селекција на 51 натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.