Поздрав до сите што ме/нѐ омаловажуваа, еве им сега шанса и тие да се радуваат. Јас прифаќам критики, работам јавна работа, ама не прифаќам омаловажувања и посебно опструкции, истакна Ангеловски по големата победа.

А, сите знаете кои во последно време сакаше да не омаловажи и опструира. Се надевам дека ќе се свестат и ќе видат што направивме и каков тим е ова. Ова е победа за целиот народ во Македонија. Кога еден Јоаким Лев ќе дојде и ќе ви честита, кога пред мечот ќе ви одаде признание дека добро сте работеле пет години, мислам дека сѐ е јасно“, рече Ангеловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.