Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, одлучи да не го стави во составот Илија Несторовски, кој синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови.

Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија, соопшти Ангеловски.

Македонскиот национален тим ќе гостува во Германија на 31 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.