Двете селекции освоија по бод и воедно загубија два. Ова беше тежок натпревар, со тактичко надмудрување. Им честитам на моите избраници, покажаа карактер. Од 64-та минута игравме со играч помалку, моравме тактички да се трансформиравме и освоивме бод.,изјави селекторот Игор Ангеловски по синоќешниот меч со Грузија.
Овие два натпревари во Лига на нации добро ни дојдоа да се собереме заедно повторно по подолго време и среќен сум што сум со момците. Ако со Ерменија победивме на рутина, денес го покажавме нашиот квалитет. Без разлика на моменталната форма, некои фудбалери дојдоа со само неколку одработени тренинзи во своите клубоди и јас сум задоволен од постигнатото. Ова сигурно не е нашето најдобро издание. Најдобри ќе бидеме против Косово. Ќе посакам да бидеме здрави и сите фудбалери да го избегнат коронавирусот пред мечот со Косово. Четири години го чекаме овој натпревар и ќе го дочекаме максимално подготвени“, рече Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.