Легендарниот украински фудбалер и досегашен селектор на реорезентацијата на Украина, Андриј Шевченко, ќе биде нов тренер на Горан пандев во екипата на Џенова, каде што ќе го замени Давиде Балјардини.
Шевченко ќе потпише договор до јуни 2024 година со годишна нето плата од два милиони евра плус бонуси.
Помошник на Шевченко ќе му биде неговиот соиграч од времето кога настапуваше за Милан, Мауро Тасото, кој го напушта Сан Сиро по 37 години во кои извршуваше различни функции.
Во стручниот штаб на Шевченко ќе има место и за Сергеј Ребров, неговиот партнер од убиствениот напаѓачки тандем на Динамо Киев и на украинската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.