Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, се уште не може да ја преболи елиминацијата од Лигата на шампионите. Педесет и девет годишниот италијански фудбалски стручњак призна дека поразот од Ливерпул беше тежок удар за неговите играчи.

Поразот од Ливерпул беше тежок удар за Наполи. Сега треба да се насочиме кон Серија А, но да не заборавиме дека ќе играме и во Лига Европа. Имаме добри изгледи. Работите одат многу добро, но мислам дека можеме да играме многу подобро. Ние сме прилично конкурентни, вели Анчелоти.

Наполи е на второто место во Италијанскиот шампионат со 38 поени, осум помалку од лидерот Јувентус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.