Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, откри дека во два наврати бил многу блиску до враќање во Милан. Италијанскиот фудбалски стручњак беше тренер на „росонерите“ од 2001 до 2009 година, го водеше тимот до шампионската титула и двапати до трофејот во Лигата на шампионите.

Двапати бев блиску да се вратам во Милан. Кога го напуштив Реал, Галијани дојде да преговара со мене, но мораше да си замине поради проблеми со грбот. Потоа, имав разговор со Марко Фасоне, откако го напуштив Баерн, изјави Анчелоти.

Педесет и деветгодишниот Анчелоти, од 23 мај 2018 година е тренер на Наполи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.