Регионалниот совет на Карлсруе го казни аналитичарот на фудбалскиот клуб Вердер од Бремен со 500 евра за шпионирање на тренингот во Хофенхајм со дрон, пренесува „Билд“.
Во декември 2018 година Хофенхајм се пожали на присуство на беспилотно летало над базата на тимот за време на тренинг сесијата, што беше затворена.
Тренерот на Вердер, Флоријан Кофелд, рече дека тој не ги користел информациите добиени на тој начин во подготовките за натпреварот против Хофенхајм кој заврши нерешено 1-1.
Спортскиот директор на клубот, Френк Бауман, ја презеде целата одговорност за овој инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.