Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски соопшти дека ќе организираат пречек на аеродромот за македонските фудбалери.
Денеска нашата фудбалска репрезентација пристигнува во Скопје!
Нашите херои заслужни за историскиот успех, нашата држава да учествува на Европското првенство, ќе имаат достоинствен пречек како што доликува на нивното дело и придонес.
Автобус за пречек од пред Агенцијата за млади и спорт, во 12. 30 часот ќе тргне на Аеродром каде ќе пристигнат фудбалерите. Игравме на Европско! Таму ни е местото!“, соопшти Наумче Мојсовски.
Предвидено е македонските фудбалери во 13:30 да слетаат во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.