Американскиот инвестициски фонд „Оуктри Капитал“ (Oaktree Capital) ќе купи 30 отсто од акциите на италијанскиот фудбалски првак Интер, што досега беа во сопственост на „Лајон Рок Капитала“ (LionRock Capitala) од Хонг Конг и за нив ќе плати 275 милиони евра.

Паралелно со ова, „Оуктри Капитал“ е подготвен да му помогне со кредит на мнозинскиот сопственик на клубот, кинеската групација „Сунинг“ (Suning), со цел да се надминат големите финансиски проблеми, како и да преземе поголема улога во управувањето со Интер.

Интер минатата сезона пријави 100 милиони загуба, а само на плати годишно троши 132 милиони евра.

Неодамна кинески сопственици на клубот ги замолија фудбалерите да се откажат од две месечни плати, со што Интер би заштедил 25 милиони евра пред оданочувањето, нешто што играчите одбија да го направат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.