Европскиот фудбалски шампион, Ливерпул одигра 2-2 со Спортинг (Лисабон) во својот трет и последен натпревар на претсезонската турнеја во САД. Тимот на Јирген Клоп изгуби 2-3 од Борусија (Дортмунд) и 1-2 од Севилја во претходните два контролни меча во САД.
Симон Мињоле направи грешка за водство на Спортинг, но потоа имаше неколку добри интервенции. Јирген Клоп во својот почетен состав ги имаше Алекс Окслеид-Чемберлен, Дивок Ориги и Жоржињо Вајналдум, а последните двајца постигнаа голови за тимот од Мерсисајд.
Вреди да се спомне само дебито за „црвените“ на 17-годишниот Сеп ван ден Берг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.