Репрезентацијата на Алжир е победник на премиерното издание на Арапскиот фудбалски куп во организација на ФИФА, откако во возбудлив натпревар го совлада Тунис со 2-0 по продолженија.

Финалето на стадионот Ал Бајт, што е еден од десетте стадиони на кои ќе се игра Мундијалот 2022 во Катар, заврши без голови во регуларниот дел.

Алжир дојде во водство во 99. минута со голот на Амир Сајуд, а победата во финалето на Арапскиот куп ја завери Јасин Брахими во завршните секунди од второто продолжение.

Во натпреварот за третото место, домаќинот Катар го совлада Египет со 5-4 на пенали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.