Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер ја освои „Златната ракавица” во англиското првенство за сезоната 2018/19. Бразилецот имаше најмногу натпревари во кои не прими ниту еден гол – 21 на број.

Одличниот голман се пресели во Ливерпул пред почетокот на сезоната од Рома. Неговиот тим со освоени 97 бода во првенството на Англија заврши втор, само бод помалку од Сити, а двајца од неговите соиграчи – Садио Мане и Мохамед Салах ја делеа титулата најдобар стрелец (22 гола) со Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.