Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, кој дефинитивно е најзаслужен за одржувањето на позитивната атмосфера во нашата селекција во пресрет на Европското првенство, направи нова лудорија и повторно се најде во центарот на вниманието во Букурешт.

Фудбалерот на премиерлигашот Лидс Јунајтед начекал полициско возило на улиците на романската престолнина и присакал да влезе во автомобилот за да почувствува како е да се биде полицаец.

Фотографијата на која се гледа како Џани седи на возачкото седиште во полицискиот автомобил, стана вирална на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.