Саудискиот фудбалски прволигаш Ал-Ахли денеска официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски во свое ново засилување.
Алиоски потпиша двегодишен договор со клубот од Џеда, откако му заврши четиригодишната соработка со Лидс, со кој избори и промоција во Премиер лигата.
Од истокот на Англија до западот на Кралството Саудиска Арабија. Алиоски е во Џеда, објави вечерва Ал-Ахли на својот Твитер профил.
Ал – Ахли е петтиот клуб на Алиоски во кариерата, која 29-годишниот македонски репрезентативец ја почна во швајцарски Јанг Бојс.
Многу сум возбуден што започнувам ново патување со Ал – Ахли, изјави Алиоски по пристигнување во Џеда.
Новата фудбалска сезона во Саудиска Арабија стартува идната недела, а Ал-Ахли во премиерното коло, на 13 август, е домаќин на екипата на Ал – Фајсали.
Минатата сезона Ал-Ахли заврши осмопласиран во првенството на Саудиска Арабија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.