Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски, верува дека Македонија може да направи сензација на претстојниот собир на најдобрите селекции од стариот континент.
Во изјава за „sn.at“, фудбалерот на Лидс вели дека Горан Пандев е легенда на македонскиот фудбал, но во националниот тим има и други играчи кои во претходните сезони се етаблираа во најсилните лиги во Европа.
Горан Пандев е легенда, но имаме и други важни играчи кои се етаблираа во најсилните лиги во светот. Покрај тоа, ние повеќе од пет години играме заедно во македонскиот дрес, сплотени сме и тоа нè прави посилни, вели Алиоски.
Мислам дека Холандија дефинитивно е најголемиот фаворит во групата. Но, во фудбалот секогаш има изненадувања и ние сакаме да покажеме дека знаеме да изненадиме. Нашето ново искуство со настапот на Европскотпо првенство не треба да ни претставува сопка. Турнирот е посебен, но ќе се обидеме да му пристапиме како да на секој претходен натпревар, додаде 29-годишниот Алиоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.