Иако за него пројавија интерес неколку европски гиганти, Алекс Сандро минатата недела се реши да потпише нов договор со Јувентус кој ќе го задржи во Торино и во следните неколку години.
Бразилскиот бек ја откри и причината поради која ја продолжи соработката со актуелниот шампион на Италија.
Играчот е секогаш среќен кога ќе го продолжи договорот затоа што знае дека ја има довербата од тренерот, претседателот и од клубот. Накратко, јас сум многу среќен. Ќе останам во Торино уште многу години. Го потпишав договорот затоа што сакам да остана овде и затоа што зборував со претседателот Ањели. Сакам да бидам дел од оваа голема приказна, истакнал Алекс Сандро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.