Легендарниот шкотски фудбалски тренер, сер Алекс Фергусон, ќе добие споменик пред стадионот на Аберин „Питодри“ како признание за неговиот успех со шкпотската екипа во текот на 80-те години од минатиот век.
Фергусон го предводеше Абердин од 1978 до 1986 година, пред да се пресели на клупата на Манчестер Јунајтед.
Со Абердин освои три шампионски и четири куп титули во шкотскиот фудбал, а триумфираше и во Купот на победниците на куповите на УЕФА. По преселбата во Манчестер, Фергусон освои 38 трофеи со „црвените ѓаволи“.
Воодушевен сум и почестен со ова признание. Во Абердин минав фантастичен и незаборавен дел од мојата тренерска кариера – изјави 79-годишниот Фергусон за официјалниот сајт на Абердин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.