Тренерот Масимилијано Алегри не прифаќа понуди од италијански клубови, чекајќи повик од Реал. За тренерот, приоритет е опцијата да ја продолжи кариерата во Мадрид, пишува новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

Претходно имаше информации дека на тренерот на „кралскиот клуб“ Зинедин Зидан му треба една недела да размисли за својата иднина. Доколку Французинот го напушти Реал Мадрид, Алегри може да ја заземе оваа позиција.

Од 2014 до летото 2019 година, Алегри беше тренер на Јувентус Торино, со кого стана шампион на Италија пет пати, четири пати го освои Купот на Италија и двапати  Суперкупот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.