Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри по синиќешниот пораз од 3-0 од Аталанта во четвртфиналето на Купот на Италија истакна дека „не се случило ништо драматично“.

„Старата дама“ одигра втор слаб натпревар, по гостувањето кај Лацио, но во Бергамо не им се насмевна среќата, како што се случи во Ром каде победија со 1-2.

Според Алегри, незамисливо е да се очекува од Јувентус да го освои секој натпревар. Тој исто така му честиташе на тимот на Аталанта за одличната игра.

Сакавме по петти последователен пат да го освоиме Купот, но Аталанта играше многу силно и им честитам. Ништо драматично не се случи. Искрено, овој пораз „висеше“ во воздухот. На теренот имавме играчи кои се враќаа по повреди, други пак не играа поради повреди. Сметам дека можеме да се повратиме од оваа негативна ситуација во која се наоѓаме. Овој пораз ќе ни послужи за лекција, изјави тренерот на „бјанконерите“ по синоќешниот пораз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.