Масимилијано Алегри стана првиот италијански тренер кој освоил пет последователни титули во Серија „А“. Тоа го оствари вчера откако неговиот Јувентус победи со 2-1 против Фиорентина и си го осигура освојувањето на Скудетото, осма година по ред – од кои пет со Алегри на чело.
Тој веќе има шест титули во својата колекција, вбројувајќи ја онаа што ја освои со Милан. Ова го става на второ место меѓу најуспешните италијански тренери, а пред него е само Џовани Трапатони со неговите седум титули. Алегри ги надмина легендарниот Фабио Капело и Марчело Липи во овој пласман, кои имаат по пет титули.
Успехот е тежок и јас сум многу среќен. Освоивме два трофеи, но жал ми е што бевме елиминирани во Лигата на шампионите. Денес имавме многу тешкотии, но успеавме да реагираме и да ги свртиме работите. Осмата титула мора правилно да се прослави. Ја освоивме пет круга пред крајот, што зборува само за себе, изјави Алегри по синоќешниот меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.