По победата над Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите, претседателот на Парис Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи, изјави дека клубот нема намера да ги продаде двете најголеми ѕвезди во тимот, Нејмар и Килијан Мбапе.

Дали ќе го продолжите договорот со Нејмар? Да, се разбира. Тој и Мбапе се играчи што никогаш нема да ги продадеме  истакна Ал-Келаифи.

ПСЖ направи историја откако со триумфот над Аталанта за првпат избори пласман во полуфинале од Лигата на шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.