Дејвид Бекам е добар пријател со Флорентино Перез, претседателот на новоформираната Суперлига, но поранешниот англиски фудбалски репрезентативец јавно застана против формирањето на новото фудбалско натпреварување.

Бекам, кој и самиот е сопственик на клуб во САД, каде што натпреварувањето е во затворена лига, порача дека, за доброто на фудбалот, спортот мора да се гледа пошироко од само натпревари меѓу најбогатите клубови во светот.

Јас сум еден кој го сака фудбалот. Тој е мојот живот откако се сеќавам за себе. Го сакам од кога бев мало дете како фан и се уште сум фан. Како играч и како сопственик знам дека нашиот спорт е ништо без фановите. Потребно е фудбалот да е за сите. Потребно ни е фудбалот да биде фер и ни требаат натпреварувања кои се базирани на заслуги. Ако не ги заштитме овие вредности на играта, нашата љубов е во опасност… – порачува Бекам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.