Денешната жрепка на УЕФА одлучи победникот од дуелот Шкендија – Тотенхем да биде домаќин на победникот од дуелот помеѓу Ростов и Макаби Хаифа.
Победникот од тој дуел, кој е закажан за 1 октомври, ќе избори пласман во фазата по групи од новата сезона на Лига Европа.
Шкендија сепак има речиси невозможна задача за пласман во плеј-офот, откако претходно треба да го елиминира Тотенхем на Жозе Мурињо. За пресметка со лондонскиот тим, тетотвскиот тим се избори откако синоќа го победија на гостински терен романски Ботошани со минимални 1:0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.