Роберто Манчини, селектор на италијанската фудбалска репрезентација, го сподели своето мислење за евентуалното продолжување на сезоната во Италија.
– Според мене, спортот за контакт не е толку опасен, барем според статистичките податоци. Што се однесува до обновата на Серија А, веднаш штом се утврди дека 500 играчи кои учествуваат на натпреварите се заштитени и здрави, ќе може да се продолжи со одржување натпревари. Се надевам дека фудбалот ќе се врати во Италија и ќе и помогне на земјата да се опорави. Јас би сакал прво сезоната да заврши, а потоа ќе размислиме што ќе се случи следно, изјави Манчини за „Калчомеркато“.
Во Италија, како и во повеќето земји во светот, сезоната 2019/20 е суспендирана поради пандемијата на коронавиру
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.