Со пет натпревари попладнево е комплетирано 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кое лидерот Шкупи забележа гостинска победа над Тиквеш, а актуелниот шампион Шкендија загуби на гостувањето во Струмица.
Шкупи минимално го совлада Тиквеш на гостувањето во Кавадарци со голот на Абдул Рватубаје (30 минута), додека Академија Пандев со пресврт триумфираше на домашен терен над Шкендија со 2-1 преку двојниот стрелец Мартин Мирчевски (77, 86), откако претходно Љупче Дориев (17) го донесе тетовскиот тим во водство.
ПМФЛ 10 коло резултати:
Академија Пандев – Шкендија 2-1, Брегалница – Македонија ЃП 4-1, Ренова – Пелистер 2-0, Струга – Борец 1-1, Тиквеш – Шкупи 0-1. Работнички – Скопје 0-1 (одиграно вчера).
Табела: Шкупи 23, Ренова 21, Академија Пандев 18, Брегалница 16, Работнички 15, Шкендија 14, Струга 13, Скопје 12, Македонија ЃП 10, Борец 8, Тиквеш 6, Пелистер 4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.