Академија Пандев и на реванш натпреварот против Зрињски Мостар претрпе тежок пораз од 3:0.

Академија Пандев беше поразена со идентичен резултат и пред една недела во Скопје, така што вкупниот резултат од двата натпревари е 6:0 за босанската екипа, која продолжува понатаму.

Првото полувреме од натпреварот заврши нерешено без голови, а на првите пет минути од вториот дел домаќините поведоа со голот на Станиша Мандиќ. За 2:0 се погрижи Милјан Говедарица кој во 79 минута постигна спектакуларен гол. А со голот на Ренато Гојковиќ во последната минута од натпреварот, се постигна конечниот резултат на натпреварот 3:0.

Зрињски Мостар се пласираа на второто претколо на Лига Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.