Александар Таневски не е повеќе тренер на Академија Пандев.

По вчерашниот пораз, шефот на стручниот штаб си поднесе оставка, која управата ја прифати. Причина за оставката се лошите резултати во воведните пет кола од стартот на новата сезона. Управата на Академија Пандев му се заблагодарува за вложениот труд и му посакува се најдобро во понатамошната кариера, соопшти струмичкиот прволигаш.

По пет кола во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев се наоѓа на претпоследното, 11.место со само три бода, односно една победа и четири порази.

Таневски го потпиша првиот професионален договор пред само два месеци. На кормилото на „пандевци“ застана во март, пред корона-паузата, и набрзо ја убеди управата дека заслужува долгорочна доверба.

Во кратката кариера тој уште ги водеше екипите на Македонија ЃП, Скопје и Еуромилк Горно Лисиче. Академија Пандев е првиот прволигашки клуб кој го смени тренерот од почетокот на сезоната, а претходното во второлигашката конкуренција тренер менуваше и Дрита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.