Во време додека целиот свет се соочува со тажни вести поради пандемијата со коронавирусот, будењето по речиси три години минати во кома на фудбалерот на Ајакс, Абделак Нури, беше вест која го израдува целиот спортски свет. Но, радоста кратко траеше, по што на површина излезе гневот по информацијата дека челниците на холандскиот гигант испратиле известување до младиот фудбалер дека нема да му го продолжат договорот што завршува во јуни.

Управата на тимот од Амстердам се реши на ваков непопуларен чекор бидејќи ако не го известеше Нури дека нема да му го продолжи договорот, тој автоматски ќе беше на сила уште една година, односно клубот ќе мораше да го плаќа.

Адвокатот на Нури изјави дека поради ова неговата борба за што поголема оштета ќе стане уште пожестока, бидејќи фудбалерот загубил повеќе од две години од својот живот, а никогаш повеќе нема да биде истиот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.