Аргентинскиот репрезентативец, Серхио Агуеро, е нов член на Барселона.
Агуеро со Браселона ќе потпише двегодишен договор со отштетна клаузула од 100 милиони евра, а на Каталонците ќе им се приклучи на 1 јули кога му истекува договорот со Манчестер сити.
Агуеро дојде во Манчестер во 2011 година и стана еден од најдобрите голгетери во историјата на клубот од Манчестер со 260 голови. Со тимот од Манчестер освои пет шампионски титули во Англија, а во саботата загуби од Челзи во финалето на Лигата на шампиони. Триесет и две годишниот напаѓач, пред да потпише за Манчестер сити, настапуваше за Атлетико Мадрид
Агуеро е само првото засолување што Барселона планира да ги донесе во летниот преоден рок во обид да го реорганизира тимот, кој сезонава заврши на третото место во шпанското првенство зад мадридските ривали Атлетико и Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.