Диего Марадона бил запрен на аеродром и уапсен откако неговата бивша девојка го „пријавила“ дека и должи 9. милиони долари отпремнина…
Локалните медиуми во Буенос Аирес известуваат дека фудбалската легенда била уапсена на аеродромот во главниот град на Аргенитна откако слетал од Мексико.
Се говори дека причина за апсењето е тоа што одбил на бившата девојка, Роцио Олива, да и плати отпремнина која била судски договорена.
Парот уживал во шестгодишната врска пред да прекинат во декември минатата година.
Сега, Олива,почнала судски процес во семејниот суд во Сан Мугиел поради „наплата на економска компензација“ од 58. годишниот бивш фудбалер.
Марадона од Мексико, каде е менаџер на клубот „Допрадос де Синалоа“, се вратил во татковината каде бил уапсен. Судскиот процес е закажан за 13 јуни, а Матиас Морла, адвокатот на Марадона, вели дека жестоко ќе се борат.
Неколку минути пред да биде уапсен Диего Марадона на својот профил на Инстаграм споделил фотографија со својот адвокат кој го чекал на аеродромот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.