Фудбалерот за врска на македонската репрезентација Аријан Адеми, најави голема борба со австрискиот тим и максимално залагање во обид да се освојат првите бодови на евро-шампионатот.
Како и на секој натпревар, така и на овој ќе дадеме сè од себе и се надеваме на што подобар резултат. Среќен сум и горд што сум дел од оваа македонска репрезентација. Против Австрија ќе ни биде многу тешко. Силна репрезентација. Ќе треба да вложиме многу труд ако сакаме да ги победиме. Сигурен сум дека можеме. Секој мал детал може да го реши мечот, изјави Адеми.
Натпреварот од 1. коло од Ц-групата, почнува во 18 часот на „Национална арена Букурешт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.