Ајакс вечерва стигна до шампионската титула на Холандија по победата со 4-1 над Де Графшап во последното коло од „Ередивизи“. На овој начин, гигантот од Амстердам освои двојна круна, откако на 5-ти мај го крена трофејот од Купот.
Најголемиот конкурент на Ајакс годинава, ПСВ го доби последниот дуел од сезоната како домаќин против Хераклес Алмело со 3-1. Натпреварот беше со протоколарен карактер, бидејќи тимот од Ајндховен заостануваше со 3 поени пред последниот круг, додека нивната разлика беше за цели 15 гола полоша од онаа на шампионите, па тие немаа скоро никакви шанси да стигнат до трофејот во последното коло.
Титулата за Ајакс доаѓа по петгодишната пауза од претходната, освоена во сезоната 2013/2014 под водство на тренерот Френк Де Бур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.