Скандалот во кој главните актери се Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш не стивнува, а поради него испливаа и детали во врска со Душко Тошиќ, сопругот на Карлеуша.
Имено, според сознанијата на српски Курир, фудбалерот уште пред заминувањето од Србија во Гуанжу на својата наводна љубовница и резервирал авионска карта за 16 јануари и се било подготвено таа да замине таму. Софија Милошевиќ дотогаш требало да ги заврши сите обврски кои ги имала во Белград, а тогаш на располагање би имала две недели да ги помине со Душко, со кого во шема е веќе неколку месеци. Но ненадејната одлука на неговата сопруга Јелена, да замине за Кина после избивањето на порно скандалот, им ги поремети плановите.
Софија тоа остро го демантираше, а дури и Јелена Карлеуша на својот Инстаграм ја постави нејзината објава, а сега се појави снимка, на која се гледа како Душко и Софија се забавуваат во еден клуб во Белград.
Tošić i Sofija u zajedničkom provodu.. pic.twitter.com/f2gehGqpTN
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) January 24, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.