Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за исплата на премија од 50.000 евра за фудбалерите и стручниот штап во А репрезентацијата за настапот во квалификациите за ЕВРО 2020.
„Црвено-жолтите“ го забележаа најдобриот пласман во историјата, откако циклусот квалификации за Европското првенство во 2020 го завршија на третото место во групата составена од Полска, Австрија, Словенија, Израел и Латвија.
Па Фудбалската федерација на Македонија реши да ги награди фудбалерите и стручниот штаб со премија од 50.000 евра.
УО на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕВРО 2020, соопшти ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.