Легендите на македонскиот фудбал Дарко Панчев и Илија Најдоски задутре во Белград во друштво на своите поранешни соиграчи од шампионската генерација на Црвена ѕвезда од 1991 година ќе присуствуваат на одбележувањето на 30-ет години од освојување на европската клупска титула.

Белградска Црвена ѕвезда, со Панчев и Најдоски во составот, на 29 мај 1991 година го совлада Олимпик Марсеј во финалето од Купот на европските шампиони во Бари и стана единствениот фудбалски клуб во поранешна Југославија со европска титула.

Финалниот натпревар од Бари, триесет години подоцна, ќе биде прикажан в сабота во белградска „Галерија“, каде посетителите ќе имаат уникатна можност да се потсетат на историскиот триумф во друштво на „ѕвездите на Ѕвезда“

На 8 декември истата година, белградска Црвена ѕвезда ја освои и титулата светски првак, совладувајќи го чилеански Коло коло со 3:0 во Токио, со два гола на Владимир Југовиќ и еден на Панчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.