Диего Армандо Марадона (Аргентина, футбал)

Почина на 25 ноември поради престанок на работа на срцето. Смртта на аргентинската ѕвезда, сметан за можеби најдобриот фудбалер во историјата, го потресе целиот свет.

Коби Брајант (САД, кошарка)

Загина на 26 јануари на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Играше 20 сезони во НБА лигата, сите во дресот на ЛА Лејкерс (1996-2016).

Паоло Роси (Италија, фудбал)

Почина на 10 декември на 64 години. Беше херојот на Италија, која стана светски шампион во 1982 година со Роси како најдобар стрелец. Таа година ја доби и наградата Златна топка за најдобар фудбалер во светот.

Тибор Бендек (Унгарија, ватерполо)

Легенда на на унгарското ватерполо, еден од најдобрите во историјата. Трикратен олимписки шампион, беше активен од 1990 до 2012 година. Почина на 18 јуни по долга болест.

Том Демпси (САД, американски фудбал)

Почина на 73-годишна возраст. Настапуваше за екипата на Ње Орлеанс сејнтс за кои во 1970 година постигна погодог (field goal) од 63 јарди, што беше рекорд повеќе од четири децении (до 2013 година). Роден е без прсти на десната нога и на десната рака. И покрај се, заслужи место во НФЛ, професионалната лига за американски фудбал.

Џери Слоун (САД, кошарка)

Легендарниот тренер на Јута џез почина 22 мај на 78-годишна возраст поради компликации од Паркинсонова болест, со која се бореше долго време. Во Јута го предводеше тандемот Џон Стоктон – Карл Мелоун во НБА финалињата во 1997 и 1998 година, кога губеше од Чикаго булс на Мајкл Џордан. Ја предводеше јута во текот на 23 сезони.

КЦ Џоунс (САД, кошарка)

Легенда на Бостон селтикс каде што освои осум титули како играч, една како помошник тренер и две како главен тренер, а има титула и како асистент во Лос Анџелес лејкерс. Еден од седумте кошаркари во историјата коишто имаат ттула во американската универзитетска лига и на Олимписките игри.

Џоунс почина на 25 декември на 88-годишна возраст.

Радомир Антиќ (Србија, фудбал)

Почина на 6 април на 71-годишна возраст во болница каде што беше хоспитализиран поради проблеми со панкреасот. Како фудбалер, Антиќ 17 сезони играше за тимови како Партизан, Фенербахче, Сарагоса… Потоа имаше успешна тренерска кариера во која ги предводеше шпанските гиганти Реал Мадрид, барселона и Атлетико Мадрид, а беше и селектор на репрезентацијата на Србија.

Мајкл Робинсон (Велика Британија, фудбал)

Почина на 28 април на 61-годишна возраст по долга борба со метастазиран Меланом. Ќе остане запаметен во историјата на Ливерпул, за кого настапуваше само една сезона (1983-84), но таа година го освои тогашниот Куп на шампионите во сезоната, стана шампион на Англија и побеше победник во Лига купот.

По завршувањето на кариерата, имаше долга и многу успешна кариера како коментатор на фудбалски натпревари во Шпанија, каде што настапуваше како фудбалер три сезони во дресот на Осасуна

Норман Хантер (Велика Британија, фудбал)

Почина на 79 години. Како дефанзивец настапуваше за Лидс, а стана и светски шампион со Англија во 1966 година. Со својот клуб ја освои англиската лига во 1969 и 1974, како и ФА Купот во 1972 и 1974 година.

Лоренцо Санс (Шпанија, фудбал)

Претседател на Реал Мадрид, под чие водство најтрофејниот клуб во Европа го прекина „постот“ од 32 години и ја освои титулата во Лигата на шампионите (седма за клубот) во 1998 година. Две години подоцна, повторно со Санс на чело, „кралскиот клуб“ ја освои и својот осми трофеј во најсилното европско клупско натпреварување.

Во клубот донесе некои од најлегендарните фудбалери што го носеле белиот дрес како Роберто Карлос, Предраг Мијатовиќ, Давр Шукер, Кларенс Сидорф …

Почина на 21 март на 76 годишна возраст како последица на корона вирусот.

Папе Диуф (Франција/Сенегал, фудбал)

Почина на 68 години како последица од корона вирусот. Новинар по професија, работеше како менаџер на фудбалери како Марсел Десаи, Дидие Дрогба или Самир Насри. Стана првиот Црнец претседател на фудбалски клуб во Франција и го предводеше Марсеј во периодот од 2005 до 2009 година.

Дејвид Штерн (САД, кошарка)

Еден од најхаризматичните ликови во НБА историјата. Стана прв човек на лигата во 1984 година и до 2012 година ја издигна НБА на глобално ниво, како една од најпознатите и најследените лиги во светот. Во 2014 година доби место во Куќата на славните.

Почина на 1 јануари на 77-годишна возраст по компликации од мозочен удар што го преживеа еден месец претходно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.