Самото тоа што бројот на починати лица е приближно 5% од бројот на дијагностицирани покажува дека имаме неколкукратко повеќе инфицирани од евидентираната бројка. Споредете само со процентите во земјите кои масовно тестираат (Италија или Кина не се такви случаи), напиша на Фејсбук Игор Штербински. Тој нагласи дека не му е јасно зошто во земјава се тесира малку и селективно, според него позитивен резултат НЕ те ослободува од мерките (ниту од самоизолација, ниту од полицијскиот час). Исто како сега, мерките сеуште важат и за тестираните негативни, а не може да се исклучи дека тие истите може да заболат во иднина.
Надлежните досега одлично се справуваат и покрај првичната збунетост и никаква контрола на границите кои секако имаа негативно влијание на ситуацијата. Ова е со исклучок на „економските“ мерки кои се очајни.
Но не ми е јасно зошто тестираме малку и строго селективно? Ризикот кој го кажува Министерот Филипче дека така може за позитивно лице да добиеме негативен резултат е неубедлив. Резултатот само по себе не е ризик, ризик е како ќе го користиш. Едноставно е… позитивен резултат НЕ те ослободува од мерките (ниту од самоизолација, ниту од полицијскиот час). Исто како сега, мерките сеуште важат и за тестираните негативни, а не може да се исклучи дека тие истите може да заболат во иднина.
Целта е да се идентификуваат инфицираните што порано, а НЕ да се ослободува некој од „обврските“. Едното докажано оружје (самоизолацијата) го користиме одлично, другото (тестирај, тестирај, тестирај…) го користиме селективно и премалку. Ако немаме капацитети, тогаш треба да ги изградиме. Па и до сега имавме доволно време за тоа. Ама своеволно да се откажеме од опцијата, тоа би било неодговорно.
Ова секако ќе трае, а нема искуство кое ќе ни покаже уште колку. До тогаш, не ни преостанува ништо друго освен да бидеме максимално одговорни. Го јадевме секако, помирете се, стои во статусот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.