Децата заразени со коронавирус произведуваат послаби антитела и помалку типови за разлика од возрасните. Тоа е можната причина зошто побрзо ја преболуваат болеста, се наведува во новата студија објавена во журналот „Nature Immunology“.
Фактот дека децата имаат помалку антитела кои се послаби, не значи дека се изложени на ризик од повторна инфекција.
Не ви треба премногу силен имунолошки одговор за да останете заштитени барем некое време. Не знам дали би се загрижила претерано затоа што децата имаат послаб имунолошки одговор, вели имунологот Дипта Батачарија од Универзитетот Аризона во Тусон.
Во студијата работена под водство на д-р Дона Фарбер, имунолог од Универзитетот Колумбија во Њујорк, анализирани се антитела на деца во одреден временски период, но тој период бил премногу краток за да се утврди како се менуваат нивоата со возраста. Пациентите се поделени во 4 групи: 19 возрасни донори на плазма кои оздравеле од COVID-19 без хоспитализација, 13 возрасни хоспитализирани поради акутен респираторен дистрес синдром предизвикан од COVID-19, 16 деца хоспитализирани со мултисистемски воспалителен синдром, ретка состојба што погодува дел од заразените деца; и 31 заразено дете кое немало синдром. Во последната група, половина од децата немале никакви симптоми.
Но, опсегот на антитела се разликува кај децата и возрасните. Антителата кај децата се состојат главно од само еден тип, IgG, кој го препознава шилестиот протеин на површината на вирусот. Возрасните имаат повеќе типови на антитела, но и други вирусни протеини и тие антитела се посилни во неутрализирање на вирусот.
Децата имаат послаб заштитен одговор, но имаат и потесен одговор на антитела. Тоа е причината зошто децата не се разболуваат сериозно. Ниту една група на деца немаше антитела на протеинот нуклеокапсид или N, кој е измешан со генетскиот материјал на вирусот. Овој протеин се наоѓа во самиот вирус, а не на неговата површина. Имунитетот ќе реагира на него само ако вирусот се прошири силно низ телото. Вие не го гледате тоа кај децата и тоа покажува дека кај нив се јавува редуцирана инфекција, вели д-р Фарбер.
Сепак, некои експерти предупредуваат дека студијата е премала за да се извлечат релевантни заклучоци за тоа како имунитетот кај деца на различна возраст варира во одговорот. Децата во студијата биле на возраст од три до 18 години, а просечната возраст била околу 11 години. Некои студии покажале дека тинејџерите можат да бидат изложени на ист ризик како и возрасните.
Научниците исто така не успеале да објаснат зошто децата имаат ограничен одговор на антитела.
Се чини дека е лошо ако имате помалку антитела, но исто така и ако ги имате премногу, тоа не е добар знак. Тоа обично значи дека нешто не е во ред со имунолошкиот одговор, вели д-р Батакарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.