Од новопотврдените 59 заболени од COVID-19 во Скопје, најмногу се во Чаир – 12 и во Центар и Бутел по 10, информира директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.

По пет новозаболени има во Аеродром и во Гази Баба, по тројца во Кисела Вода и Сарај, двајца во Карпош, и по еден во Петровец, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Студеничани. Останатите потврдени во Скопје не пријавиле адреси на живеење.

Според Зибери, најголемиот број на заразени во Скопје се членови на исти семејства. Регистрирани се 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот. Статиститката покажува дека најголемиот број од новозаболените се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.