Се шири кластерот на Нефрологија. Ковид 19 денеска со брзи тестови е потврден уште кај една медицинска сестра и лице одговорно за одржување на опремата, но бидејќи биле асимптоматски им направиле и ПЦР. Бројката на заразени достигна 24 и сега останува на МАНУ да потврди дали причина за масовното ширење на вирусот на клиниката е британската мутација. Но за да стигнат до резултатот прво ќе земаат дополнителни брисеви од заразените а најмалку една недела ќе им треба за добивање на резултатот.
Инаку британскиот сој од вчера и официјално е присутен во земјата а го изолираше генетската лабораторија во Клиниката Жан Митрев. 46 годишниот маж кој веќе е оздравен, иако не патувал во странство и не навел контакти, сепак, според експертите од негде се заразил. Тоа ја отвора и дилемата дали мутацијата е присутна многу порано во земјата.
-Но многу поимливо е дека од негде се заразил, дали е донесено од патување во странство, дали при контакти со луѓе кои биле во странство или вирусот циркулирал недела, две три претходно тоа не знаеме бидејќи немаме доволно податоци, вели др. Горан Кунгуловски од лабораторијата за генетика во Клиника Жан Митрев.
Кунгуловски најави дека продолжуваат со испитување и на други примероци а за новата мутација вели дека е многу позаразна а има и индикатори дека ја зголемува и смртноста, но за тоа се уште нема детални студии.
-Треба да бидеме внимателни, да поимаме дека британскиот сој циркулира кај нас, дека поради неговите веќе откриени особености најверојатно ќе стане се подоминантен, вели др. Кунгуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.