Носењето заштитна маска, покрај физичката дистанца од најмалку 2 метри и честото миење раце досега се покажа како најделотворно средство за заштита од ковид-19.

Сега еден научник изведе два едноставни научни експерименти за да ја покаже предноста на носење маски.

Што прави маската? Ги блокира капките за дишење кои доаѓаат од носот и грлото – напишал доктор Дејвис на Твитер, со фотографија на која е покажан експериментот.

Во првиот експеримент, докторот кивал, пеел, разговарал и кашлал кон агар плоча (служи во лабараториите за испитување бактерии), со и без маска.

Резултатите откриле дека носењето маска ги спречило речиси сите респираторни капки да дојдат специјализараната подлога.

Меѓутоа, агер плочата користена во тестовите без маска била потполно покриена со колонијални бактерии.

Во другиот експеримент, доктор Дејвис тестирал на која одалеченост може да патуваат респираторните капки кога личноста носи маска и кога не носи.

Ставив плочи на одалеченост од 60 сантиметри, 1,2 метри и 1,8 метри и потоа силно се искашлав во период од 15 секунди. Тоа истото го направив повторно без маска. Како што се гледа по бројот на колонија од бактерии, капките во принцип слетале на површината на плочата одалечена од 1,8 метри, но маската ги блокирала скоро сите – напишал микробиолгот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.