Здравствените институции работат на ново решение за документ што треба да го поседуваат граѓаните при добивање лекарски услуги. Картичките, чие времетраење е поминато, се вон функција, но и оние што се уште имаат рок, лекарите не ги бараат, па граѓаните ги остваруваат лекарските услуги со старите книшки. Ниту Министерството за здравство ниту Фондот не го навестуваат можното решение.
Министерство за здравство:
Формирана е работна група со претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравство, единицата за електронско здравство и Факултетот за компјутерски науки, која изготви предлог за континуирано обезбедување на електронски услуги во здравствениот систем. Анализирани се процесите каде треба да се користи сегашната електронска здравствена картичка и дигиталниот сертификат. Во согласност со собраните информации, работната група подготви краткорочни и долгорочни решенија за надминување на проблемот со користењето на здравствените услуги, велат од Министерството за здравство за „Алсат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.