Здравствен дом Охрид со сопствени средства набави ново современо возило за Итната медицинска помош (ИМП). Амбулантното возило е со комплетна медицинска опрема и вкупната вредност на возилото изнесува 4.6 милиони денари, соопшти Министерството за здравство.
Работиме на унапредување на примарната здравствена заштита, со подобрување и обновување на медицинската опрема и возниот парк на Итната медицинска помош. Со ова возило ќе ја подигнеме ефикасноста на ПЗЗ, особено во летниот период кога во нашиот град има зголемен број туристи, истакна директорката на Здравствен дом Охрид, Ајсел Зејноска.
Во Здравствениот дом, покрај возилото за ИМП е набавено уште едно патничко возило за патронажната служба, работни униформи, обувки, како и два ЕКГ апарати (12-канални), стоматолошки стол, стерилизатор, апарати за крвен притисок и поголем број стетоскопи, што придонесува кон натамошно унапредување на условите за работа во ЗД Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.