Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорите на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, утрово ги промовираа новите 13 возила наменети за Поликлиниките во градот Скопје.

10 возила се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на материјали во работните единици во Здравствениот дом. Според извештаите кои секојдневно ги добивавме од Службата за итна медицинска помош со домашно лекување, јасно е дека зголемувањето so возила и екипи, кадровско екипирање и дисперзирањето на службата за брза помош во градот и околината е повеќе од приоритет. Со новите возила, значително ги зајакнуваме капацитетите во оваа јавно-здравствена установа“, потенцираше министерот Филипче.

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување и итна стоматолошка помош овозможува 24 часовна здравствена заштита, како единствена за градот Скопје и околните населени места.

Значително ги подобруваме условите за работа со новите возила. Со поддршка на општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски, Итната медицинска помош доби донација две специјални возила за медицински потреби од страна на Чешка како давател на донацијата. Би сакал да истакнам дека извршивме набавка и на 10 фрижидери со сопствени средства за здравствениот дом. Покрај ова, следејќи ги стандардите за квалитетна здравствена заштита, во интерес на долгогодишната соработка и грижа за пациентите во делот на превентивната здравствена заштита, добивме донација од Ново Нордиск-Фарм 6 големи фрижидери за непречено соодветно чување на вакцините и инсулините во температурен режим. Од голема важност е континуирано да инвестираме во нова и современа технологија“, изјави директорот на Здравствен дом Скопје, Исјановски.

Во однос на законски предвидената имунизација, Здравствениот дом Скопје опфаќа третина од државата и постигнување на правилна и целосна имунизација обезбедува стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет во општеството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.