Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска го посети Здравствениот дом во Ресен и оствари средба со директорката д-р Сања Андоновска и вработените во оваа јавна здравствена установа, на која разговараа за новостите и активностите, кои ги спроведува оваа установа, со цел подобра грижа и услуга за пациентите.
Здравствениот дом е добро организиран, пациентите во секое време ја имаат потребната квалитетна здравствена заштита, а преку вработувања на медицински кадар и зголемувања на платите на вработените се грижиме тие да бидат мотивирани и успешни во својата работа. Задоволен сум што добро функционира дневната болница, како нова услуга од декември 2018 година и прва од овој вид во здравствените домови, потенцираше министерот Филипче.
Во изминативе две години се реализирани 14 вработувања, минатата година, вработените добија повисока плата за 5%, а во јануари 2019 година, медицинските сестри добија повторно покачување од 5%, а докторите специјалисти – 10%.
Директорката Андоновска информираше дека е во постапка реализирање на договорот со Институтот за трансфузиона медицина за инсталирање нов апарат за телемедицина, и обезбеден е апарат пациент-монитор со донација за Итната медицинска помош.
Горда сум што во Ресен имаме медицинска патронажна служба и граѓаните од околните места добиваат здравствена заштита поблиску до домот. Тие не мора да доаѓаат до Здравствениот дом за преглед, контрола или интервенција. Наш тим од 5 вработени во мобилниот сервис, оди на терен, се грижи за пациентите, со што услугите ги доближуваме поблиску до граѓаните, изјави директорката Андоновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.