На својот официјален Фејсбук профил, д-р Лилија Чолакова-Дервишова која е претседателка на Здружението на матични лекари, напиша дека се поголем е бројот на луѓе кои доаѓаат на преглед како последица од стравот што го чувствуваат поради целата стуација со вирусот Ковид-19 за кој таа вели дека е уште еден од групата на родови вируси.
Докторката апелира народот да биде пуштен на слобода, односно да се врати животот во нормала, бидејќи како што вели и здравите луѓе ќе умрат од недвижење.
Неjзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во целост….
Oва е само еден дел од родови на вируси кои постоеле и ќе постојат.
Затоа мислам да веднаш треба да се запре со сите рестриктивни мерки. Од утрово неколку пациентки дојдоа со панични состојби, вртоглавици од страв.
Го поулавевте народов. Пензионери ме молат потврди да сум им дала, потврда да можат да се движат и вечер бидејќи не можат да издржат со толку малку движење. Овие што се оперирани срца- велат нас кардиохирургот ни велеше да движиме наутро и навечер. Здрави луѓе да се ограничуваат да си го живеат животот. Двајца дојдоа со јаки болки од заб…
Вратете се во нормала…. Здравиве ќе ни умрат од недвижење и сите компликации кои ги носи таквиот живот. Јас имам толку да кажам.
55 прегледи до сега, од 07 часот до сега…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.