Епидемијата на Ковид-19 во Италија поминала и оти тоа може да се види од бројките, вели експертот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни болести во Џенова.
Според него, не е во ред секојдневно, како воени извештаи, да се зборува за раст на заразени лица без анализа на податоците за тоа колку се асимптоматски, колку се хоспитализирани и слично. Во ниту една земја не се прави така, само во Италија, тврди доктор Басети. Според него, проблемот е во комуникацијата и тој ги гледа виновниците во локалните институции, медиумите, но и меѓу т.н експертите.
Италија, на почетокот на пандемијата беше најпогодената европска земја од коронавирус со 243 илјади заразени и речиси 35 илјади регистрирани смртни случаи. Во целиот свет од почетокот на пандемијата регистрирани се 12,7 милиони инфицирани, од кои над 7 милиони оздравеле. Како последица од ковид 19 во целиот свет починале 565 илјади лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.