Еден затворски полицаец во КПУ „Затвор“ – Охрид е позитивен на вирусот COVID-19, но не доаѓал на работа.

Телевизија Телма објави дека тој од 25-ти мај користел слободни денови, бидејќи добил бебе.

Кога се вратил на работа, на влез му била мерена температура и веднаш бил вратен дома.

Од затворот велат дека се во консултации со Центарот за јавно здравје од Охрид, но дека веруваат дека нема опасност по здравјето на вработените и затворениците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.