Девет соби во болницата за дијализа во Струга во кои покривот прокиснува се затворени, а пациентите се префрлени во други соби, објави Алсат.
Засега нема абер од неговата реконструкција и покрај тоа што договорот со фирмата изведувач која треба да ги изврши градежните работи бил потпишан уште на 14 октомври оваа година. Рокот кој го има за завршување е 120 дена, но доаѓа зима, а се почести се и врнежите од дожд кои создаваат проблеми. Од болницата не знаат каде е сега застојот. Велат дека ќе го ограничуваат и престојот на пациенти за рехабилитација само до еден месец, поради актуелната ситуација.
Условите се катастрофални. Ништо не се одржува како што треба. Тоа е катастрофа. Треба некој да го направи или чека некој да ги натера одете и правете. Ако не го направат ќе се соочат со поголеми проблеми, велат пациентите.
Покривот е со површина од 5400 метри квадратни, а досега само парцијално биле преземани одредени зафати. Оваа болница е изградена 1984 година и во неа се лекуваат бубрежно болни пациенти од цела Македонија, но и од соседна Албанија.
Оваа снимка е од пред два месеци. Ситуацијата наместо да се подобри, се многу полоша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.